Connect with us

Други спортови

Каков меч, ден по својот 19-ти роденден го „преслуша“ Рафаел Надал

Карлос Алкарас ќе игра против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид и е главен виновник што нема да гледаме уште една епска тениска пресметка Ѓоковиќ-Надал.

Ден по својот 19-ти роденден, младиот тенисер од Мурсија дојде до најголемата победа во кариерата, против својот сонародник и идол Рафаел Надал со 6:2, 1:6, 6:3.

На некој начин, момент во историјата – тоа беше првпат Надал да загуби од тинејџер кога се во прашање натпреварите на неговата омилена земјена подлога.

Во сабота ќе ја видиме првата пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.

Тоа ќе биде одличен тест на формата за Новак, по релативно лесната победа над Хуркач во четвртфиналето.