Connect with us

Други спортови

Каков меч и карактер, Калин Ивановски го загуби првиот сет, а потоа во два сета го збриша Французинот за четвртфинале

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Франција на тврда подлога во сала. Ивановски го совлада домашниот натпреварувач Реко со 2:1 во сетови. Првиот сет Калин го загуби со 6:3, но потоа следуваше вистински кам-бек и покажување на карактер бидејќи со 6:1 го збриша противникот во вториот сет. Во третиот сет нешто поизрамнета игра, на крајот Ивановски го доби со 6:4.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Французинот Тристан Ламазин.

Advertisement