Connect with us

Фудбал

Каков меч, Лукаку во 95-та постигна гол за 1:1 против Јуве, потоа доби црвен, а судијата покажа уште два црвени картони (ВИДЕО)

Јувентус и Интер одиграа доста интересен меч во кој немаше победник, со многу тензии особено по завешувањето на мечот. По првите 45 минути во кој двете страни имаа по неколку добри шанси, следуваше вистински бум во последните десетина минути. Најнапред Квадрадо постигна гол за 1:0 во 83-та минута.

И, кога домашните навивачи почнаа да ја слават победата шок во Торино. Главен виновник Бремер кој играше со рака, па беше досуден пенал. Сигурен реализатор во 95-та минута беше Лукаку, кој потоа гестикулираше кон домашните навивачи, настана мешаница по што напаѓачот доби црвен картон.


Само што тргнаа од центарот судијата означи крај, па настана мешаница да се дообјаснуваат кој е виновен. Најжестоки беа Хандановиќ и Квадрадо кои добија црвени картони.


На реваншот во Милано во полуфиналето од Купот овие тројца ќе ги нема. Реваншот се игра на 26-ти април.