Connect with us

Фудбал

Каков меч на Ливерпул и Баерн Минхен, вистинска голеада (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа тимот на Ливерпул со резултат 4:3 во пријателски натпревар во Сингапур. Во многу возбудлив натпревар видовме седум гола, одлични потези, но и пресврт на германскиот тим кој оствари нова победа на подготовките пред почетокот на сезоната.

Двата тима излегоа во многу силни формации, а се започна идеално за „црвените“ кои по првите половина час веќе водеа со 2:0 откако Гакпо погоди во втората минута, а Ван Дијк во 28. На Баварците не им требаше многу за да возвратат на истиот начин, во 33. минута Гнабри намали, а девет минути подоцна Сане целосно го анулира водството на Ливерпул со својот гол.

Јирген Клоп и Томас Тухел целосно ги променија составите во текот на вториот дел, а таму подобро се снајде Баерн, иако Дијаз во 67. минута му донесе нова предност на Ливерпул. Станишиќ го израмни резултатот во 80. минута, а конечниот резултат го постави 20-годишниот Франс Крациг со одличен гол од работ на шеснаесетникот.