Connect with us

Фудбал

Каков меч со седум голови, Меси со еврогол во 95-та минута донесе победа на ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ и Лил одиграа фантастичен меч со многу драма, пресврти и седум голови. Мбапе 11-та и Нејмар во 17-та погодија за 2:0 и се чинеше дека ПСЖ е пред нова рутинска победа. Сепак,  Диакате во 24-та минута погоди за 2:1 и најави дека Лил на овој меч нема да се откаже така лесно.

Во вториот дел, во 58-ма минута шок на „Паркот на принцовите“. Пенал за Лил, успешно го реализира Давид. Десет минути подоцна целосен пресврт. Гостите поведоа со голот на Бамба.

Но, во 87-та минута Мбапе погоди за 3:3 и ги направи последните моменти од мечот супер интересин. Во 95-та минута беше досуден слободен удар за ПСЖ, а Лионел Меси со еврогол погодува за конечни 4:2.


Standings provided by Sofascore