Connect with us

Фудбал

Каков меч во Милано, шест голови и пласман на Интер во полуфинале, следува дерби Дела Мадонина во ЛШ (ВИДЕО)

Интер се пласираше во полуфинале на ЛШ прв пат од 2010-та година кога го освои пехарот. Одигра 3:3 на домашен терен против Бенфика, па со вкупни 5:3 се обезбеди полуфинална пресметка со Милан.

Мечот во Милано се одвиваше како што сакаше Интер. Поведоа со прекрасниот гол на Барела во 14-та минута. Израмни Аурсенс во 38-ма.

Во вториот дел повторно игра на Интер како што очекуваа, од контри и два гола, прво Мартинез 65-та, а потоа нововлезениот Кореа прекрасно погодува во 78-ма.

Интер се опушти, веќе славеше пласман во полуфонале, па во самиот финиш два гола на Бенфика, Антонио Силва во 86-та и Муса 95-та за 3:3, резултат кој го однесе Интер во полуфинале.