Фудбал
Каков шок во Холандија: Ѕвездa на Ајакс вчера постигна гол, а денеска е уапсен поради напад со нож на свој роднина!
Фудбалерот на холандски Ајакс, Квинси Промес е уапсен во Амстердам поради сомнение дека избодел со нож свој роднина пред неколу месеци на приватна забава. Инцидентот наводно се случил кон крајот на јули, кога на приватна забава со нож е избоден еден човек на кои му се нанесени повреди опасни по живот.
Осомничен за ова сега е фудналерот на Ајакс. Ако се докаже дека го сторил делото, може да добие казна од една до четири години затвор.
-Ние за инцидентот слушнавме дури пред еден месец и оттогаш е започната истрагата, а утринава се случи апсењето, изјавил портпаролот Јермел Гердс.
Ајакс вчера играше против Цволе, победи со 4:0, а Промес беше стрелец на вториот гол.