Фудбал
Каков викенд, три големи дерби мечеви, „битка“ за Манчестер, но и Мадрид
Викендов љубителите на фудбалот, секако оние неутралните ќе уживаат. На програмата се три големи дерби мечеви. Првиот на програмата е попладнево. Во терминот од 18:30 Манчестер Јунајтед е домаќин на Манчестер Сити.
На двата тима сезонава не им оди баш најдобро во Премиер лигата. По 11 одиграни кола, Манчестер Јунајтед е на 7-то место со 19 бодови, а едно место подолу е нивниот градски ривал Сити со еден бод помалку.
Во полседните пет меча на овие две екипи во Премиер лигата, Јунајтед има три победи, а две Сити. На последните девет меча во сите конкуренции секогаш имало голови, еден или повеќе. Последнен пат без голови овие две екипи одиграле на 27 април 2017-та година, а домаќин бил Сити.
ПОСЛЕДНИ 5 МЕЧА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2:0
МАНЧЕСТЕР СИТИ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1:2
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – МАНЧЕСТЕР СИТИ 0:2
МАНЧЕСТЕР СИТИ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 3:1
МАНЧЕСТЕР СИТИ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 2:3

Второто големо деби кое е на програмата денеска почнува во 21 часот. Реал Мадрид е домаќин на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ се лидери на табелата по 11 одиграни кола и се единствената екипа без пораз. Реал Мадрид е на четвртото место со дури шест бодови помалку од нивниот вечерашен противник и градски ривал.
ПОСЛЕДНИ ПЕТ ДУЕЛИ ВО ЛА ЛИГА
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:0
АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД 0:0
АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД 1:3
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 0:0
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1

Дерби има и во Франција. ПСЖ на домашен терен го пречекува Лион. „Светците“ се лидери со 28 бодови, а со два бода помалку на третата позиција е Лион.
ПОСЛЕДНИ ПЕТ МЕЧА ВО ЛИГА 1
ПСЖ – ЛИОН 4:2
ЛИОН – ПСЖ 0:1
ЛИОН – ПСЖ 2:1
ПСЖ – ЛИОН 5:0
ЛИОН – ПСЖ 2:1