Фудбал
Каква „бомба“ од Италија, Сари и спортскиот директор кој му врачи отказ во ист тим?!
Дел од италијанските медиуми јавуваат дека Маурицио Сари брзо ќе најде нов клуб. Наводно тоа е Рома, која е незадоволна од работата на Фонсека. Освен тоа што Рома го сака Маурицио Сари, го сака во тандем со спортскиот директор на јувентус Паратичи кој практично му ја соопштил одлуката за отказ на тренерот на Јувентус.
Paratici & Sarri ↪️ Roma?
Roma looking to swoop for the Juventus duo ?❤️ pic.twitter.com/7feXPNDcWH
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 9, 2020
Раководството на Јуве е незадоволно и со трансферите во изминатиот период, па според медиумите во Италија подготвуваат разделба и со директорот Паратичи. Останува да се види колку од ова ќе се исполни.
Инаку, Рома сезоната ја заврши на петото место и ќе игра во Лига Европа следната сезона.