Connect with us

Тајмаут

Каква брука за НБА ѕвезда: Потпишал договор од 60 милиони, а на сопругата и детото им дал 800 долари

Кошаркарот на Минесота, Малик Бизли направи вистински хаос од својот живот. Тој неодамна практично на улица ја избрка сопругата и малолетното дете, сето тоа поради 48-годишната Лариса, инаку поранешна сопруга на НБА легендата Скоти Пипен.

Несреќната Монтана, морала да пронајде сместување на друго место, а за среќа семејството и излегло во пресрет. Сепак, и покрај тоа Малик се однесува лошо. Иако потпиша 60 милионски договор, на своето дете му дава 800 долари.

-Господинот Бизли уплатил само 800 долари за грижа за неговото дете, иако заработува 15 милиони долари годишно. Монтана претходно беше успешен модел, но од сето тоа се откажа со цел да има семејство со него, стои во соопштението на адвокатите на Монтана.