Connect with us

Ракомет

Каква мотивација е ова – 250.000 евра им најави ракометната федерација на Германија доколку освојат трета европска титула

Доколку Германците ја освојат третата европска круна Ракометната федерација на Германија ќе им додели премија од 250.000 евра, најави потпретседателот на ДХБ, Боб Ханинг. Среброто вреди 200.000, а бронзата е 150.000 евра.

Германците истата премија ја имаа и во 2016 година, а доколку лани на СП, кое го организираа заедно со Данска стигнеа до златниот медал ќе добиеја награда од 450.000 евра.