Connect with us

Фудбал

Каква приказна: Наследил од мајка му 55 илјади фунти и вложил се во „Црвените“

Иако поглемиот дел од навивачите на Манчестер Јунајтед не се среќни што Ливерпул е првак, сепак еден навивач се радува. Тони Вард, одлучил да верува во титулата на „Црвените“, а тоа му се исплатеше. Вложил 55 илјади фунти на почетокот на сезоната, пари кои како наследство му ги оставила неговата мајка кога починала во 2017-та година. Од неодамна ужива во добивката од 91 илјада фунти.

-Ливерпул ми изгледаше како екипа која ќе го освои насловот. Планирам да потрошам дел од парите на квалитетен одмор, а остатокот ќе го задржам, изјавил 55-годишниот Вард.