Connect with us

Фудбал

Каква сцена: Ултрасите на Наполи со фантомки упаднале кај Спалети и му вратиле нешто што му го украле пред две години (ВИДЕО)

Неверојатна сцена во Неапол! Не, не се работи за прослава на шампионската титула на Наполи, но секако има врска со навивачите и творецот на успехот – тренерот во заминување.

Ултрасите на Наполи упаднале во конференциската сала на Лучијано Спалети, со фантомки на главите, а потоа му предале кутија во која имало нешто што му го украле пред две години. Тоа нешто е воланот на неговата „фиат панда“ и ЦД-плеерот што навивачите го извлекле од неговиот автомобил.

И тоа кажува многу во овој случај – убавиот гест на „ултра крадците“ и скромноста на познатиот тренер кој до неодамна возел сосема обичен градски автомобил. Спалети му ја донесе на Наполи 33 години очекуваната шампионска титула, а сега го напушта клубот на врвот на својата слава. Ултрасите од Неапол во знак на благодарност се решија на ваков необичен потег, на општо задоволство на тренерот, кој секого поединечно го прегрна.