Connect with us

Фудбал

Каква вест од Шпанија: Икер Касиљас се враќа во Реал Мадрид

Весникот „Марка“ објави дека славниот голман, доскорашен член на Порто, одлучил да ја прифати понудата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и да се врати во клубот. Како што тврди овој медиум, тој ќе ја има улогата советник на Перез. Веста доаѓа во моментите кога и Порто и Реал Мадрид ги слават шампионските титули.

Касиљас наскоро треба да соопшти дека ја завршува кариерата, а потоа и да соопшти дека ја презема функцијата советник на Перез, која пред да стане тренер ја имаше и Зинедин Зидан.

Икер Касиљас замина од Реал во 2015-та година. Забележал 725 настапи за овој клуб, освои се што можеше да се освои, дури три пехари во Лигата на шампионите.