Connect with us

Фудбал

Какво лето за Интер ќе биде, по Хакими, доаѓаат уште три засилувања?!

Доколку може да им се верува на медиумите, Интер тргна сериозно да се засилува. Во понеделник се очекува на медицински прегледи да пристигне Ашраф Хакими кој во изминатите две сезони играше во Борусија Дортмунд, а всушност е во сопственост на Реал Мадрид. Тој игра на десната бековска позиција.

По него, се Конте ќе добие уште три засилувања, барем такви се најавите. Прв е најбараниот млад италијански фудбалер од Бреша, Сандро Тонали. Втор е искусниот стопер на Торино, Изо, а третиот е напапач на Манчестер Јунајтед, Марсиал. Ова значи дека Алексис Санчез нема да биде откупен, ниту ќе му биде продолжена позајмицата. Воедно во Марсиал треба да биде замена за Лаутаро Мартинез, за кого Барселона прави напори да го купи од Интер.