Connect with us

Фудбал

Каљари ја победи Сампдорија, дали Интер ќе слави на зелена маса?

Фудбалерите на Каљари денеска го совладаа тимот на Сампдорија на гости со 2:1, во натпреварот од 20. коло на Серија А.

Маноло Габијадини со голот во 18. минута го доведе тимот од Џенова во водство, а гостите до пресврт стигнаа со головите на Алесандро Дејола во 55. минута и Леонардо Паволети во 71. минута.

Во првата минута од продолжението директниот црвен картон го доби играчот на домашната екипа Антонио Кандрева.

Сампдорија е 15-та на табелата во Серија А со 20 бодови, додека Каљари е 18-ти со 13 бода по втората победа.

Натпреварот меѓу Болоња и Интер не се одигра, откако локалните здравствени власти го ставија тимот на Болоња во карантин поради неколку случаи на коронавирус.

Натпреварот официјално не беше одложен, фудбалерите на Интер излегоа на теренот и според прописите натпреварот беше прекинат по 45. минута.

Тоа значи дека три бода ќе му припаднат на екипата на Милано, додека Болоња, предводена од клупата од српскиот селектор Синиша Михајловиќ, ќе има право на жалба.

Во Италија владее целосен хаос, Серија А и Министерството за здравство не се договорија за примена на правилата, а се очекуваат уште проблеми.

Реклама

Facebook

Реклама