Connect with us

Фудбал

Каљари нема доволно пари за да го купи Наинголан, но има ас во ракавот

Раџа Наинголан пристигна во Каљари на позајмица од Интер, непосредно пред почетокот на оваа сезона.

Антонио Конте го извести белгискиот играч од средниот ред дека нема да смета на него оваа сезона и може да бара нов клуб. Единствениот заинтересиран клуб беше Каљари кој беше подготвен да го донесе Наингголан на позајмица, на што Интер се согласи.

Наинголан е еден од најважните играчи на клубот од Сардинија оваа сезона бидејќи на 21 натпревар постигна пет гола и исто толку асистенции. Но, проблемот за Каљари е што тие нема да можат да го откупат неговиот договор од Интер на крајот на сезоната.

Интер бара 18 милиони евра за Наинголан, а Каљари не е подготвен да ги плати. Сепак, клубот од Сардинија веруваат дека имаат шанси да ги убедат челниците на Интер да го продолжат заемот од Белгиецот.

„Јасно е дека немаме толку пари за да го донесеме Наинголан ова лето. Единствена наша надеж е дека Интер ќе го одобри заемот за сезоната што следува. Ние сме во прилог на фактот дека тој сака да остане тука затоа што ова е неговиот дом. Ќе видиме дали ќе успееме да се договориме на крајот“, рече спортскиот директор на Каљари, Марио Пасети.