Поврзи се со нас

Фудбал

Каљари сака да го врати Наинголан

Каљари, 19 септември 2020 (МИА) – Каљари сака да го врати во своите редови играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.

Наинголан играше за Каљари во сезоната 2019/20 на позајмица. Играчот од средниот ред има одиграно 29 натпревари на сите турнири за „црвено-сините“ постигна шест погодоци и седум асистенции.

На крајот на минатата сезона, Сардинците ја објавија својата желба да го задржат Белгиецот, но не можеа да го откупат неговиот договор.  зс/

Advertisement

Facebook

Реклама