Connect with us

Фудбал

Калчо дуел за Киеза

Вечните ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер од редовите на Фиорентина, Фредерико Киеза.

И покрај ставот на клупските челници, дека репрезентативецот на Италија не е за продажба, фудбалските медиуми на Апенините се убедени дека крилниот напаѓач сигурно ќе ја промени средината на крајот од актуелната сезона.

Од продажбата на Киеза, челниците на “виолетовите” очекуваат заработувачка не помала од 50 мил. евра.