Фудбал
Каљехон го напушта Наполи, го бараат два клубови од Шпанија
На фудбалерот на Наполи, Хозе Каљехон за три месеци му истекува договор со клубот и ќе стане слободен агент.
Големото прашање е дали тој ќе остане во клубот затоа што сезоната речиси сигурно ќе се игра во текот на летото, секако ако продолжи.
Наполи е јасен во намерите да го задржат, но играчот јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот и не сака да се премисли.
За Каљехон, наводно заинтересирани се два клуба од Шпанија, Севиља и Валенсија, па Каљехо би можел да ја продолжи кариерата токму таму.
Тој пристигна во Наполи од Реал Мадрид, а во дресот на клубот од Италија одигра 336 натпревари и постигна осумдесет гола.