Connect with us

Други спортови

Камерите го „уловија“, еве што прави Ѓоковиќ на еден час пред меч на Вимблдон (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ со години доминира во светскиот тенис и редовно ги руши рекордите на играчи кои пред него важеле за најдобри во историјата, а на Вимблдон има можност да испише нови страници од историјата.

Доколку го освои третиот Грен слем во сезоната ќе се израмни со Федерер кој веќе има осум титули на овој турнир и ќе стане прв човек со 24 Грен слем. Можеби затоа му е малку досадно, па пред натпреварите се интересира за поинаков спорт!

Само еден час пред неговиот натпревар од второто коло против Џордан Томпсон, камерите на комплексот Вимблдон го снимија Новак Ѓоковиќ како се натпреварува со својот тим во играта „Не лути се човеку“.

На Англичаните прво не им беше јасно што прават, веројатно затоа што не се премногу запознаени со играта, но на видеото јасно се гледа дека Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и уште двајца членови на тимот играат друштвена игра која е исклучително популарна на нашите простори.