Connect with us

Фудбал

Камјани 3-0 Напредок службено доделена: „Спортски е да се натпреваруваш, но чесно е за својот труд и залагање да бидеш платен“

Спортски е да се натпреваруваш но чесно е за својот труд и залагање да бидеш платен.

Играчите на ФК Напредок денеска демонстративно одлучија да не отпатуваат во Камјане каде требаше да го изиграат последното коло од есенската полусезона со истоимената екипа, поради три неисплатени плати и премии.

Играчите на ФК Напредок до сега секогаш и во најлошите моменти се ставале во служба на клубот, но моментално не наидоа на поддршката од самата управа на ФК Напредок која целосно потфрли во своите ветувања за оваа полусезона. На играчите не им преостана ништо друго освен да го изразат својот револт со не играње на последната утакмица.

Оваа полусезона за Напредок дуваат подобри ветришта, моменталната ситуација на табелата кажува дека Напредок е се уште конкурентен за влез во втората лига, сето тоа се должи на нашето максимално залагање и љубов према клубот. За да се задржи оваа поволна ситуација не е доволно само играчите да играат на теренот, треба и управата да им даде огромна поддршка која за жал не ја добиваме.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на навивачката група Ѓаоли Кичево за особената поддршката на домашните утакмици каде беа наш 12ти играч и воедно да им се извиниме за оваа наша одлука и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од нив и целата јавност.

Со почит

Тимот на

ФК НАПРЕДОК