Ракомет
Кањелас за титулата со Вардар: Титулата со Вардар ми е помила од сите трофеи со Шпанија
Жоан Кањелас ја завршува втората сезона во унгарскиот ПИК Сегед, но лани беше запрен од поранешниот негов клуб, Вардар, во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Шпанскиот интернационалец Жоан Кањељас го издвои успехот од 2017 година како посебен и незаменлив.
Многу големи ракометни имиња освоиле европска титула, но како одминува времето и спласнуваат емоциите, освојувачките на европските круни во 2017 и 2019 година со Вардар го сфаќаат вистинскиот значај на освојување на европскиот врв со дотогаш анонимен клуб од Македонија.
„Играв на Ф4 седум пати, но првите пет пати беше без славење.Толку многу пати бев блиску, мислев дека никогаш нема да ја освојам титулата. Многу луѓе прашуваат колку титули во ЛШ имам освоено – само една, и затоа е специјална. Ја гледам сликата како плачев на средината на теренот во Келн. Се чувствував како да сум во тој момент и дека околу мене нема никој. Тоа е многу специјален момент за мене бидејќи потешко е да освои титулата во ЛШ отколку медал на големите натпреварувања. Не можам да заборавам никогаш колку фанови не пречекаа во Скопје“, вели Кањелас.
Вардар во полуфиналето славеше над Барселона со еден гол, 26-25, а потоа во финалето триумфираше над ПСЖ со 24-23.