Connect with us

Други спортови

Канело Алварез ја доби војната со Головкин и ја одбрани светската титула

Мексиканскиот боксер Саул ‘Канело’ Алварез ја одбрани титулата апсолутен светски шампион во супер средна категорија.

Во третиот меч од трилогијата со Казахстанецот Генадиј Головкин, 32-годишниот Канело постигна решавачки успех на поени и судиската тројка пресуди во негова корист – 116:112, 115:113, 115:113. Така, борбите меѓу двајцата најтехнички боксери завршуваат со две победи на Алварез и едно реми, што беше поправено на првиот меѓусебен меч во 2017 година.

Од стартот на мечот во Т-Мобиле Арената во Лас Вегас беше јасно дека Канело е во многу подобра форма. Тој го бомбардираше 40-годишниот Головкин, кој изгледаше исцедено, збунето и без особено јасен план како да се справи со светскиот шампион во четири дивизии.

Головкин до крајот на борбата успеа да покаже извесно активирање, најмногу поради заморот на Алварез, но тоа не беше доволно за да избегне пораз.

Со својата победа, Канело не само што ги одбрани појасите во верзиите на Светската боксерска асоцијација (ВБА Супер), Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска организација (ВБО), туку ќе инкасира и 45 милиони долари за успех си Головкин ќе се утеши со 20 милиони долари, иако голем дел од гледачите на натпреварот останаа разочарани од борбата која се очекуваше со голем интерес.

Канело Алварез со својата победа сега има 58 победи на 62 меча во професионалниот ринг, од кои 39 со нокаут. Мексиканецот има две нерешени средби (едното со Головкин), како и два порази – еден од Флојд Мејведер во 2013 година и еден од Дмитри Бивол во мај годинава.

Головкин сега има биланс од 42 победи, едно реми и два порази во 45 борби, а во сите борби кои не ги добил противник му бил Канело Алварез.