Други спортови
Канзас Сити Чифс го освои Супербол и го прекина постот кој траеше 50 години
Тимот на Канзас Сити Чифс го освои 54. издание на Суперболот, откако го совлада Сан Франциско 49ерс во Мајами со резултат 31:20.
Играчите на Канзас Сити до својата втора титула во историјата стигнаа со пресврт во последната четвртина. Сан франциско имаше голема шанса за триумф на две минути и 39 секунди пред крајот, но не беа во можност да се вратат.
Екипата на Канзас триумфираше во последните седум минути, правејќи дури три тачдауни за голема победа и конечни 31:20 и го прекинаа постот кој траеше 50 години.
Патик Махомес стана најмладиот играч во историјата на НФЛ кој е избран за МВП на сезоната и Супербол МВП. Овој 24-годишник запиша 26 од 42 успешни додавања на 286 јарди и две тачдауни.
Средбата на стадионот Хард Рок во Мајами ја следеа 62.000 гледачи кои на полувремето ги забавуваа Џенифер Лопез и Шакира.