Connect with us

Фудбал

Капело додава критика на ЦР7: Тој ги загуби и овие вештини

Откако јавно го критикуваше пред неколку недели, Фабио Капело не ја поправи критиката за Кристијано Роналдо. Неодамна, тој рече дека петкратниот добитник на Златната топка веќе не може да дрибла, веќе три години не го сторил тоа. Навистина, на крајот од натпреварот Јувентус – Атлетико Мадрид, некогашниот тренер на „Старата дама“ ги потврди сомневањата за сегашниот потенцијал на португалската sвезда.

Капело, како и обично во „Скај студиос“ ги коментира натпреварите од Лигата на шампионите, а зборуваше и за настапот на 34-годишникот против Атлетико.

„Роналдо изгуби брзина и спринт. На таа контра требаше да постигне гол. Тој е сеуште број еден во нападот, но недостасува дриблингот.