Фудбал
Капело и ден денес жали за Касано: „Дадов се од себе, но не успеав“
Легендарниот италијански стручњак Фабио Капело имаше можност да тренира многу одлични играчи со тоа што водеше екипи како Јувентус, Милан, Рома и Реал Мадрид.
Во интервјуто што го даде од изолација, 74-годишниот стручњак рече дека Антонио Касано бил еден од најталентираните Италијанци, но дека не успеал да го постигне целиот свој потенцијал. Инаку, дуото соработуваше цо него во Рома и Реал Мадрид.
„Најголемата пречка во мојата кариера се вика Антонио Касано. Многу ми е жал што тој не стана шампион како што имаше можност да стане. Дадов се од себе, но не успеав да му помогнам“, рече Капело.
Тој имаше можност да работи со Златан Ибрахимовиќ во Јувентус …
„Кога дојде од Ајакс, Ибра сакаше само да се забавува на теренот, а постигнувањето голови не беше задолжително. Тој создаваше интересни броеви и уживаше во нив, не грижејќи се дали топката заврши во мрежата или не. Морав да го натерам да ја разбере важноста на рационалноста и откако го подобри овој аспект, тој стана шампион што сите го знаеме, играјќи на високо ниво дури и денес на 38-годишна возраст“, рече Капело.