Connect with us

Тајмаут

Капитенот на Барселона одби арапски милиони поради неговата сопруга Израелка

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто одбил богата понуда од Саудиска Арабија од клубот Ал Кадсијах поради неговата сопруга Корал Симанович, пренесува Мундо Депортиво. Имено, причината поради која Шпанецот не сака да оди во Саудиска Арабија е тоа што оваа земја ја поддржува Палестина во војната со Израел, додека Корал е Израелка родена во Њујорк. Многумина мислеа дека Корал има корени од Балканот поради интересното презиме.


Да потсетиме, договорот на Роберто со Барселона истекува летово и тој сигурно нема да го продолжи, а како реална опција за 32-годишниот играч се споменува и заминувањето во МЛС лигата.