Connect with us

Фудбал

Капитенот на Челзи притиска за трансфер

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета, јасно ја кажа својата желба пред управата на Челзи. Шпанецот сака да го напушти Стемфорд Бриџ ова лето и да премине во Барселона.

Преговорите за трансфер на Аспиликуета продолжуваат бидејќи нема официјален договор помеѓу Челзи и каталонскиот гигант. Томас Тухел би сакал да го задржи шпанскиот дефанзивец, но тренерот на Барселона Чави не се откажува од тоа да го доведе Аспиликуета на „Камп Ноу“.

Барселона го надмина Челзи за Жил Конде и ова ќе биде уште еден камен на сопнување во преговорите меѓу двата клуба бидејќи на лондончани им треба уште еден централен бек и доколку го продадат Цезар Аспиликуета ќе има голема дупка во тимот на сините на таа позиција.

Трансфер цели на централниот бек пред Челзи се Милан Шкриниар од Интер и Вилијам Салиба од Лестер.