Connect with us

Фудбал

Капитенот на Дортмунд го советува Санчо: Остани барем уште една година …

Капитенот на Борусија Дортмуд, Марко Ројс смета дека еден од најдобрите фудбалери на овој тим, Џејдон Санчо, треба да почека пред да го напушти тимот.

Санчо има само 20 години и го привлече интересот на бројни европски великани, особено оние од островите, со фантастичните игри од оваа и минатата сезона.

Манчестер јунајтед сака да го види најмногу во своите редови, но капитенот Ројс го советува да не оди никаде ова лето и да помине барем уште една сезона како член на „Милионерите“.

„Тој треба да остане со нас барем една или можеби уште две години“, рече Ројс за „Спорт Билд“, објаснувајќи ја својата изјава:

„Според мое мислење, моментално никаде нема да му биде добро како што му е овде. Тој може да направи голем скок подоцна. Ќе стане уште покомплетен играш така што ќе се развива кај нас како стартер“.

Патем, самиот Ројс имаше неколку можности пред неколку години да го напушти Дортмунд и да замине во некои од најголемите клубови во светот, но вели дека неговото срце секогаш бил овде.

„Имав понуди и покани. Најмногу од сè, го почитував Баерн Минхен за она што го прави клубот со децении. Но, секогаш сакав да играм за Борусија Дортмунд. Секогаш беше клубот во моето срце. Играв за Менхенгладбах, си реков себеси, или ќе одиш во Дортмунд или во друга лига“, рече Ројс, кој веројатно ќе го помине остатокот од својата кариера во жолтиот дрес.