Фудбал
Капитенот на Македонија се скара со Венци Стефанов, па го спореди со нилски коњ
Денеска од 18 часот Бугарија е домаќин на Македонија во првиот натпревар од групата Ц од Лигата на нации, а тензијата околу натпреварот почна да расте.
Капитеот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски неколку часа пред првиот официјален фудбалски натпревар меѓу Бугарија и Македонија во Лигата на нации го спореди претседателот на „Славија“ и долгогодишен член на Извршниот комитет на Бугарскиот фудбалски сојуз Венцеслав Стефанов со нилски коњ.
Стефанов вчера изјави дека „лавовите“ се фаворити за првото место и денешниот противник нема што да ги плаши.
„Ние сме 100% фаворити. Ако ја немате таа мисла, седам со вас? Северна Македонија – што се тие? Грузија има раст, но тоа е Грузија. Какви се овие глупости“, изјави Стефанов на прес-конференција.
Овој коментар не му се допадна на нашио Ристовски кој на социјалните мрежи објави колаж со нилски коњ и газдата на Славија, придружен со натпис „Не викај…“.
