Connect with us

Фудбал

Капитенот на Милан на мета на шпанскиот гигант

24-годишниот капитен на Милан, Алесио Ромањоли кој е одличен во одбраната на италијанскиот клб, стана мета на Барселона, кои бараат засилување во срцето на својата одбрана.

Според публикацијата, ваквиот трансфер ќе биде многу тежок поради високата цена на дефанзивецот, која е 50 милиони евра. Затоа, договор може да има само доколку Милан се согласи да вклучи играч на Барселона за да ја намали бараната сума. „Росонерите“ се заинтересирани за неколку фудбалери на тимот од Каталонија, како Рафиња и Иван Ракитиќ, кој сепак сака да се врати во Севиља.

Договорот на Ромањоли истекува во 2022 година, но Милан е во преговори со италијанскиот репрезентативец за да го обнови.