Connect with us

Кошарка

Капитенот на МЗТ Скопје Стојановски позитивен на Ковид-19, одложен натпреварот со Пелистер

По бројните повреди во тимот, слдеуваат нови проблеми за МЗТ Скопје со позитивни случаи на Ковид-19.

Прв заразен беше тренерот, Дарко Радуловиќ, сега и Дамјан Стојановски е позитивен.

Поради новиот случан на Ковид-19, натпреварот со Пелистер кој беше закажан за утре, е одложен.

„Лошиот период во нашиот тим продолжува со веста која нѐ растревожи утринава дека позитивен на коронавирусот е и нашиот капитен, Дамјан Стојановски. И тој, како тренерот Дарко Радуловиќ, почувствува благи симптоми по средбата со Академија ФМП, по што веднаш замина во домашна изолација и се тестираше.

Дека ова е сериозен проблем за нашиот тим, но и за сите наши претходни и идни противници, потврдува и фактот што уште двајца наши кошаркари чувствуваат благи здравствени проблеми, поради што и на нив им е закажано тестирање на Ковид-19.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром со дозвола од нашиот противник Пелистер, побара одложување на утрешниот дерби-натпревар, со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот, како во нашиот тим, така и во битолскиот состав, кому сме му благодарни што веднаш излезе во пресрет.

Здравјето на кошаркарите и на двете екипи е во првенствен интерес за управите на двата тима, поради што се надеваме дека и интенцијата на КФМ ќе биде заштита на играчите, меѓу кои има и многу репрезентативци.

А, на нашиот капитен Дамјан му посакуваме лесно да го мине периодот во изолација, без никакви проблеми и да ја „нокаутира“ болеста со серија тројки и два-три атрактивни влеза, нешто што е заштитен знак во целата негова кариера“, известија од МЗТ Скопје.