Фудбал
Карагер: Не го гледам Роналдо во лигата на Мики Маус
Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер го коментираше потенцијалниот трансфер на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во МЛС оваа зима. Тој е на мислење дека Португалецот треба да остане во Европа.
„Мислам дека Тен Хег направи многу добро во прашањето за Роналдо. Својот авторитет го покажа со отстранувањето од тимот, но и враќањето назад. Ако постигне гол и Јунајтед победи, тоа е фантастично. Ако не даде гол и не игра добро, ќе биде изваден“, изјави поранешниот англиски репрезентативец.
„Мислам дека не му е лесно да си замине во јануари. Сите знаевме дека сака да замине летото. Мислам дека нема да оди во лигата на Мики Маус, не го гледам. Тој сака да постигнува голови во Европа. Нема да оди во МЛС или Катар“, додаде Карагер.