Кошарка
Карантин, па самоизолација на селекторот на македонската кошаркарска репрезентација
Александар Тодоров, селекторот на нашиот машки национален тим, долго време „одолеваше“ на овие кризни денови. Практично, во последен момент ја напушти Романија, и се врати дома, во Македонија.
Но со одредени последици, затоа што новите законски мерки го примораа првиот месец по пристигнувањето да биде одвоен од светот, не само оној кошаркарскиот. Беше 14 дена во карантин, сега уште толку ќе мора да ги помине во домашна изолација.
За враќањето од Романија, за 14-дневниот карантин, за самоизолацијата даде опширно интервју објавено на официјалната интернет страница на Кошаркарската федерација.
Повеќе на следниот ЛИНК.