Фудбал
Кариерата му е уништена, беше обвинет дека тепал и силувал девојка, доби отказ од Манчестер Јунајтед, но сега испадна дека е се лага! Што ќе биде со младиот фудбалер?
Мејсон Гринвуд (21) важеше за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал, а потоа предизвика и скандал. Неговата девојка Хариет Робсон го обвинила дека ја тепал и силувал. Се појави аудио снимка од нивниот разговор, на која се слуша дека тој отворено и се заканува доколку немаат интимни односи, па таа покажа и фотографии на кои е помодрена. И тој во еден момент заврши во затвор, па дојде до пресврт во целата таа ситуација. Хариет ги повлече обвиненијата против него, а беше откриено дека тие чекаат дете и дека ќе се венчаат. За сето тоа време тој беше под договор со Манчестер Јунајтед и се чекаше конечната одлука на клубот. По повеќе од година и пол откако Хариет го пријави, пристигнаа две соопштенија, едното од клубот, другото од Гринвуд, а беше потврдено дека е отпуштен и повеќе не е играч на „црвените ѓаволи“.
„Спроведовме истрага и во клубот по сериозните обвинувања против Мејсон Гринвуд. Кога се појавија снимките и сликите во јануари 2022 година, бев шокиран и загрижен поради тоа. Тој беше веднаш суспендиран и дури во февруари оваа година, кога полицијата го затвори случајот почнавме да разговараме за него во клубот и спроведовме внатрешна истрага. Ова беше долг процес и не беше едноставен. Откривме дека Мејсон не направи ништо од она за што беше обвинет. Таа ги отфрли сите обвиненија во април 2022 година. Добиено е алтернативно објаснување за аудио снимката како и за фотографиите кои се појавија во јавност. Ќе ја продолжи својата кариера далеку од Манчестер Јунајтед, но сме подготвени да му помогнеме нему и на неа да продолжат со своите животи додека го чекаат своето дете“, изјави извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд во соопштението.