Фудбал
Кариус се враќа на „Енфилд“ и тоа веднаш
Лорис Кариус е тип на голман за кој може да се каже дека е подобро познат по неговите кардинални грешки отколку фантастични интервенции.
За Каирус, сето ова тргна наопаку во финалето од Лигата на шампионите во 2018 година, кога тој направи серија нереални грешки и му дозволи на Реал Мадрид да ја освои Лигата на шампионите по трет пат во низа.
Германскиот голман потоа замина на двегодишна позајмица кај Бешикташ. Турскиот гигант има право да го откупи неговиот договор, но како што сега стојат работите, тоа нема да се случи.
Лондонскиот „Evening Standard“ пишува дека Кариус веднаш би можел да се врати на „Енфилд“ затоа што веќе поднел тужба до ФИФА, бидејќи Бешикташ не му исплатил неколку плати.
26-годишниот играч се надеваше дека ќе го најде мирот во Истанбул, но тоа не се случи затоа што успеа да направи поголеми грешки отколку во финалето во Киев. Тој прими дури 46 гола пред паузата во тековната сезона.