Connect with us

Фудбал

Кариус се враќа во Ливерпул

Голманот на Луверпул, Лорис Кариус кој сите го паметат по двете големи гршки во финалето на ЛШ против Реал, и за кој многумина сметаат дека тој е виновниот што Ливерпул таја година не ја одвои Лигата на шампионите, ќе го раскине договорот со Бешикташ, каде е на позајмица во последните две сезони.

На тој начин тој е пред враќање на Енфилд, каде стана непотребен по неговите грешки во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид.

Кариус се обрати и на ФИФА за неисплатени плати во последните четири месеци. Бешикташ му понуди план за отплата што тој не го прифати и го искористи правото да го раскине договорот.

Платата на Кариус во Бешикташ беше договорен на 1,5 милиони евра по сезона, но клубот не ја плати во целост.

Турците му должат на Кариус 1,6 милиони евра, јавуваат локалните медиуми.