Фудбал
Карлес Перез се очекува да ја напушти Барселона овој месец
Напаѓачот Карлес Перез, наводно, е близу до постигнување договор да ја напушти Барселона за време на овој јануарски преоден рок и би можел да се пресели во Серија А, во Рома.
Неколку шпански медиуми – како што се „Марка“ и „Спорт“ – известуваат дека новиот тренер Квик Сетиен му ставил до знаење на 21-годишникот дека не е дел од неговите планови и му порача да најде нов клуб.
Познатите спортски новинари Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо одат еден чекор подалеку и велат дека Перез преговара за трансфер во Рома и сега чека само зелено светло од Барселона.
Веста ги изненади некои навивачи на Барселона, бидејќи Перез играше на првите два натпревари на Сетиен како тренер на Барселона, против Гранада и Ибица.
Барселона исто така, е во криза во напаѓачкиот состав, бидејќи Луис Суарез ќе паузира четири месеци поради неговата повреда и Оусман Дембеле нема да се врати до февруари.
Сепак, Перез е изоставен од составот на Сетиен за саботниот натпревар во Валенсија и се чини дека тој повеќе нема да биде дел од тој состав.