Connect with us

Други спортови

Карлос Саинц: Го послушав Алонсо

Новајлијата во Ф1 тимот на Мекларен, Шпанецот Карлос Саинц Јуниор, откри дека неговиот сонародник и претходник на ова место, Фернандо Алонсо бил клучен човек во неговата одлука да се приклучи на тимот од Вокинг. Саинц вели дека бил мотивиран од коментарите на Алонсо околу потенцијалот на вториот најуспешен тим во Формула 1, кој последните пет-шест сезони е меѓу послабите во најбрзиот циркус на денешницата.

  • Со толку промени 2018 година беше позитивна за мене, ми помогна во спортската кариера и ми овозможи да се приклучам на тим со репутација на Мекларен во следните две години. Сигурен сум дека ќе уживам. Како и секогаш, ќе посакам здравје, добро за мене и моето семејство, а за успехот на патеката ќе се погрижиме. Фернандо ме советуваше да дојдам во Мекларен бидејќи веруваше дека тимот има потенцијал на средни и долги патеки. Јас сум млад и имам трпение за градење на тимот, вели Саинц.