Connect with us

Други спортови

Карлос Саинц победник на шестата етапа на релито Дакар

Карлос Сајнц е победник на шестата етапа на релито Дакар.

Шпанецот оствари најбрзо време на патеката долга  618 километри од Ал Касумах до Хаил, која ја помина за 3:38:27 часа

Со над 4 односно над 7 минути послабо време зад него на 2-то и 3-место завршија возачите на Тојота, Јазед Ал Раџи и Насер Ал Атијах.

Иако денеска имаше четврто време сепак Стефан Петерхансел останува лидер во Генералниот пласман пред Насер Ал Атијах и Карлос Сајнц.

Во конкуренција на мотоциклисти денеска победи Жоан Бареда Борт, пред Рос Бранч и Даниел Сандерс.

Утре на релито Дакар е ден за одмор.

Сител