Connect with us

Фудбал

Карвахал го пропушта првиот дуел со ПСЖ поради дополнителна суспензија од УЕФА

Нови проблеми за Кралскиот Клуб пред мега-дуелот со екипата на ПСЖ во рамките на Лигата на шампиони откако Европската фудбалска асоцијација потврди дека не ја усвоила жалбата на Кралскиот клуб за намалување казната на Дани Карвахал.

УЕФА му додели дополнителен натпревар суспензија на играчот откако се потврди дека на дуелот со АПОЕЛ намерно го заработил третиот жолт картон поради што го пропушти дуелот со Борусија, последен во групата со цел во елиминациската фаза да влезе без ниту една санкција.