Connect with us

Фудбал

Касано: Ибрахимовиќ е единствената надеж на Милан

Антонио Касано, поранешниот напаѓач на Милан, во студиото на „Тики-Така“, зборуваше за состојбата на „Росонерите“.

„Ибрахимовиќ е нивната единствена надеж за подобри резултати! Тој ги подобрува оние што играат заедно со него. Тој носи ентузијазам во клуб каде што настапува. Дали тој би сакал да оди? Милан само треба да подготви договор за година“, кажа Касано.