Фудбал
Касано: Мислам дека можам да играм до 60. години
Антонио Касано смета дека може да игра уште многу и планира повторно да заигра во Серија А.
30-годишниот Касано, поранешниот репрезентативец на Италија, човек кој има играно во клубови како што се Реал, Рома, Митан, Интер… ја разгледува можноста за играње иако веќе се повлече.
Моментално има неколку понуди, и по се изгледа дека повторно ќе се врати на терените во Серија А
„Болоња, Сасуоло, Парма, Торино, Емполи, Каљари… Сепак, сакам да играм блиску до Џенова, затоа што тука живеам, не можам без семејството“, рече Касано, па додаде:
„Ако добијам шанса, секогаш ќе правам разлика. Сега сум 110 проценти подготвен и мислам дека можам да играм до 60. години“.