Фудбал
Касано открива како Алегри ја средил кавгата помеѓу Седорф и Ибрахимовиќ во Милан
Соживотот на големите шампиони не е секогаш „кревет од рози“. Имаше неколку sвезди во Милан во сезоната 2010-11, меѓу кои и Антонио Касано, кој ја освои единствената титула во неговата кариера таму. Во разговор за „Тики Така“, тој откри една ситуација во која се појавија Кларенс Сидорф и Златан Ибрахимовиќ
„Најубавата анегдота што можам да ја кажам сега е за кавгата помеѓу Ибрахимовиќ и Седорф, пред натпреварот Фиорентина – Милан, кој го добивме со 2: 0. Седорф ја зеде топката и рече: ’Не тренирам денес’. Се започна по судир со Ибрахимовиќ. За среќа интервенираше Алегри, кој остро зборуваше: ’Направете го тоа што ви го кажувам’. Борете се, навредувајте се, но направете го тоа што ви го кажувам“. Потоа победивме во Фиренца и уште 6-7 натпревари по ред. Така, покажавме дека сме одличен тим, со одличен тренер“.
Среќа за Милан беше Алегри, кој ги смири ваквите себични искушенија и се врати во нормала, завршувајќи ја сезоната во Италија на најдобар можен начин, со последната титула за „црвените“.