Фудбал
Касано во жесток напад врз Мурињо: Срамно и несфатливо
Антонио Касано во неколку наврати жестоко го критикуваше Жозе Мурињо, па велеше дека „никогаш не бил голем тренер“ и дека неговиот фудбал „го тера да повраќа“. Поранешниот играч на Рома, Реал Мадрид и на италијанската репрезентација повторно проговори за Мурињо и повторно не штедеше зборови.
Анализирајќи го реваншот од полуфиналето на Лига Европа во кој Рома одигра 0:0 на гостувањето кај Баер и благодарение на тој резултат, во комбинација со 1:0 од првиот натпревар, оди во финалето, Касано повторно беше брутално искрен во критиките кон португалскиот тренер на Рома.
На реваншот против Рома, Баер имаше вкупно 22 удари кон голот на Италијанецот, од кои шест кон противничкиот гол. Рома возврати со еден удар, кој не ја погоди ниту мрежата, но тоа беше доволно за еуфорично славје на Мурињо по натпреварот.
„Ќе започнам со тоа дека сум среќен, ја сакам Рома, ги сакам тие луѓе. Но, Рома не одигра ниту половина од акцијата во 98 минути. Тренерот ќе каже дека се е посебно, но тој има повеќе среќа отколку што е силен. И ете колку има среќа, тоа е импресивно. Не е добро, но ќе се памети дека минатата година ја освои Конференциската лига, а сега е во финалето на Лига Европа“, рече Касано и додаде:
„Треба да зборувам за натпреварот и да ја анализирам играта. Срамота е. Нешто неразбирливо. Но што ќе каже? Ќе каже дека е во финалето, дека победил. Не ми е гајле. Среќен сум поради Рома, но тоа е срање“.
Рома ќе го игра финалето во Лига Европа на 31 мај. Противник ќе и биде Севиља.