Фудбал
Касилјас се враќа во Реал Мадрид
Откако поради здравствени проблеми беше приморан да ја напушти екипата на Реал Мадрид, чуварот на мрежата сега се враќа во истиот клуб и тоа на една важна функција.
Сега, неговиот кам-бек во Реал ќе биде, како што најавуваше „Марка“ – главен советник на првиот човек Флорентино Перез.
„Вистина е, но ништо не е официјално договорено. Се надевам дека враќањето во Реал Мадрид е моја нова животна етапа“, вели Касилјас.
Имаше и желба да ја води шпанската фудбалска федерација, но се повлече од трката за фотелјата, па ќе се врати во својот матичен Реал Мадрид и тоа на – многу важна позиција.