Фудбал
Каталонија на нозе, ваков талент Барса немала уште од времето на Лионел Меси (ВИДЕО)
Барселона го победи Тотенхем со 4:2 и го освои традиционалниот трофеј Жоан Гампер, а во центарот на вниманието беше младиот Ламин Џамал. Во прашање е 16-годишник кој израсна во „Ла Масија“, кого многумина го споредуваат со Лео Меси, а синоќа покажа и зошто. Џамал влезе во игра дури во 80. минута, но во тие десет минути покажа повеќе од Рафиња на десно крило.
Lamine Yamal vs Tottenham 🌟
🎥 @MoleiroRole pic.twitter.com/hTbsprDmmL— French FCB (@FrenchFCB) August 8, 2023
Џамал едноставно го полуде Серхио Регилон, а по негова заслуга Барса ги постигна сите три гола и направи пресврт. Џамал влезе наместо Ерик Гарсија при резултат 1:2, а сите три гола паднаа преку него. Во првиот побегна и му асистираше на Феран Торес за 2:2, а потоа ги започна акциите, повторно го надигра Регилон со дриблинзи и ги даде последните додавања, по што беа постигнати уште два гола, на Ансу Фати и Абде Езалзули.
Денеска каталонските медиуми на големо пишуваат за Џамал и потсетуваат дека Лионел Меси имаше ваков настап на „Гампер“ уште во 2004 година кога се поигруваше со одбраната на Јувентус. И денес впечаток на сите во Каталонија е дека до синоќа не виделе ништо слично. Џамал е роден во 2006 година и наскоро ќе потпише договор до 2026 година и го застапува Жорж Мендес, што само значи дека е во добри раце и наскоро ќе вреди десетици милиони.