Connect with us

Фудбал

Каталонскиот гигант ја исклучи можноста за враќањето на Нејмар ова лето

Според „Радио Каталонија“ бразилскиот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, по се изгледа дека ова лето нема да се врати во Барселона, и ќе остане во ПСЖ.

Шпанскиот гигант од Каталонија ја отфрли можноста за трансфер на Бразилецот во текот на летото поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Главна мета за Каталонците останува напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.

Минатото лето, Бразилецот се обиде да се врати на „Камп Ноу“, но клубовите не успеаја да се договорат за финансиските услови.

Договорот на Нејмар со францускиот шампион е до 30 јуни 2022 година.

Оваа сезона тој му помогна на ПСЖ на 22 натпревари од сите турнири, постигнувајќи 18 голови и асистираше за 10.