Connect with us

Фудбал

Барселона на удар на критики, ја искористи смртта на Марадона за популарност

Каталонскиот тим Барселона е мета на критики од љубителите на фудбалот. Имено, Лионел Меси на мечот со Осасуна постигна погодок во победата од 4:0 изминатиот викенд, а голот секако го посвети на легендарниот Диего Марадона. Го соблече дресот на Барса, а под него имаше друг дрес од Њуелс Олд Бојс каде што пред крајот на кариерата настапуваше Марадона, а Меси таму ја почна својата кариера.

Ова секако беше објавено на социјалните мрежи од страна на каталонскиот тим. Овие објави беа доста шерувани и посетувани, а подоцна администраторите на Барселона се одлучија да се пофалат со посетите на овие објави велејќи дека рушеле рекорди. Сепак, ова наместо пофалби наиде на големи критики, а дел од коментарите се дека Барселона ја искористила смртта на Марадона за сопствен ПР и зголемување на популарноста.

Секако, по бројните критики, Барселона ја избриша спорната објава, но секако беше предоцна.